Синдикална продажба

ПРОДАЖБА ПРЕКУ АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА

Покрај класичниот начин на купување, ДИНО СПОРТ излезе во пресрет на потребите на вработените лица и членови на синдикати, овозможувајќи им да вршат купување на производи на 6 месечни рати без камата.

Преку овој начин на купување, по пат на административна забрана, се олеснува на семејниот и личниот буџет, како и да се обезбеди една долгорочна соработка со оваа категорија купувачи.

Купувачите кои го користат овој тип на купување ги имаат сите погодности како и оние кои плаќаат во готово. За нив, исто така, важат официјалните малопродажни цени и учествуваат во сите акции, бонуси, попусти и слични погодности кои се актуелни во одредена продавница во моментот на купување.

Основен услов за купување преку административна забрана е компанијата во која потенцијалниот купувач работи (или нејзиниот синдикат) да имаат потпишан договор за деловна соработка.

Повеќе информации за купување преку административна забрана можете да добиете преку info@dino.mk или преку телефон +389 71 39 32 39.